Достапни линкови

СДСМ: Ревизија на пресуди и разрешување судии кои „застаруваат“ предмети


Судиите или обвинителите што нема да постапуваат по предмети намерно, за тој предмет да застари, ќе бидат разрешени по автоматизам, соопшти денеска владејачкиот СДСМ, од каде најавуваат, како што велат, прочистување во правосудството за неселективна примена на законот.

„Ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Поради неопходноста на ред и дисциплина во сите институции, отчетност и транспарентност на службите, се воведува законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и во судската власт“, се вели во соопштението на СДСМ.

Пред речиси половина година, Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека сите закажани судења за кои постојат услови да бидат одржани, нема да се одлагаат, се до евентуално нови упатства од Министерството за правда, и предупреди дека какви било злоупотреби на препораките за заштита од коронавирусот со цел одолговлекување на судењата нема да се толерираат и строго ќе се санкционираат.

XS
SM
MD
LG