Достапни линкови

Казни за злоупотреби на анти-корона мерките за развлекување на судењата


Основен кривичен суд - Скопје

Сите закажани судења, за кои постојат услови да бидат одржани, нема да се одлагаат, се до евентуално нови упатства од Министерството за правда, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот предупредуваат дека какви било злоупотреби на препораките за заштита од коронавирусот со цел одолговлекување на судењата нема да се толерираат и строго ќе се санкционираат.

Судот апелира и до сите граѓани кои се јавуваат како странки во постапки или имаат било каква достава или барање до судот, како и сите обвинители, вештаци, сведоци, полициски службеници, претставници на невладините организации и медиумите и пред се адвокатите кои се најчести посетители на судот, совесно да се однесуваат и да се водат по препораките на Владата.

„Доколку некој адвокат, обвинител, вештак или сведок во постапка изминатиот период бил во земји кои се од висок ризик на зараза или препорачана им е самоизолација – за нивната спреченост, со прилог соодветна документација за спреченоста, електронски да го известат судот“, се наведува во соопштението во кое се нагласува дека се работи за сопственото здравје, но и за здравјето на сите останати.

Од Основниот кривичен суд исто така наведуваат дека судниците, шалтерите, ходниците, лифтовите и тоалетите секојдневно се чистат и дезинфицираат од службите за одржување.

XS
SM
MD
LG