Достапни линкови

Лондон ја обвини Русија за мешање во шкотскиот референдум


Илустрација

Комисијата за безбедност и разузнавање на британскиот Парламент денеска соопшти дека „Русија интервенирала во референдумот во Шкотска во 2014 година, а британската Влада не успеа да побара темелна истрага за евентуалното директно мешање на Кремљ во гласањето за Брегзит“, јави АП.

Во денешното соопштение се наведува дека Комисијата дошла до веродостојни коментари од независни извори кои укажуваат на тоа дека Русија презела активности за да влијае на исходот од референдумот во 2014 година во Шкотска. Исто така, во соопштението на парламентарната Комисија се наведува дека врз основа на информации од добро информирани, веродостојни независни извори, може да се претпостави дека Русија настојувала да влијае на исходот од кампањата на Брегзит, но дека Владата во Лондон немала докази за руска вмешаност.

Во истиот документ, Русија е опишана како непријателска сила која им се заканува на Обединетото Кралство и западните сојузници на различни фронтови – од шпионажа и кибер напади до мешање во избори и „перење валкани“ пари. „Според сите извештаи, Русија смета дека Велика Британија е една од нејзините најзначајни разузнавачки цели“, се наведува во извештајот.

Москва ги отфрли овие обвинувања.

„Русија никогаш не се мешала во предизборни кампањи на други земји и нема да толерира странско мешање во своите внатрешни работи“, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, по извештајот на Разузнавачкиот и безбедносен комитет на британскиот Парламент.

XS
SM
MD
LG