Достапни линкови

СЗО: не можете да се заразите со коронавирус од допир на храна


илустрација

Светската здравствена организација ги негира некои наводи дека преку синџирот на храната, што значи пакување транспорт и консумација, може да се пренесува коронавирусот. Во меѓувреме, земјите во светот почнаа повторно да воведуваат рестрикции во обид га спречат повторното ширење на ковид-19, болест што ја предизвика коронавирусот.

„Луѓето не треба да се плашат од храна, пакување на храна, или преработка и испорака на храна“, рече шефот на програмата за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан, на брифингот во Женева на 13 август.

„Нема докази дека храната и ланецот на храна учествуваат во пренесувањето на овој вирус. И луѓето треба да се чувствуваат безбедно“, изјави Рајан откако два града во Кина соопштија дека биле пронајдени траги од коронавирус во увезена замрзната храна и во пакување храна, зголемувајќи ги стравувањата дека загадената пратка од храна може да предизвика нови појави на коронавирус.

СЗО: Расте бројот на корона позитивни во светот

Изјавите на СЗО дојдоа во момент кога бројот на починати од коронавирус во светот според извештајот на универзитетот „Џонс Хопкинс“, надмина 750.000.

„Овој вирус има да биде долго тука, ако го дозволиме тоа. Огромно мнозинство луѓе и натаму се подложни на оваа инфекција“, рече Рајан.

илустрација
илустрација

Латинска Америка и Карибите се актуелниот епицентар, со речиси една третина од сите смртни случаи, повеќето во Мексико и Бразил.

Двете земји, заедно со Аргентина, оваа недела објавија договори за добивање пристап до потенцијални вакцини против коронавирус.

Еден од договорите е бразилската држава Парана да ја тестира и произведува контроверзната нова руска вакцина против коронавирусот, иако официјалните лица изјавија дека најпрво ќе треба да се докаже дека ебезбедна и ефикасна.

Путин вели дека Русија има вакцина против ковид-19, но сомнежите растат

Русија ја наметна својата вакцина „Спутник V“ како прва во светот, но здравствените експерти го доведоа во прашање решението за регистрација на вакцината пред да завршат испитувања врз луѓе во фаза 3, а научните податоци да ги разгледаат независни медицински експерти.

СЗО соопшти дека руската вакцина не е меѓу деветте за кои се смета дека се во напредните фази на тестирање.

Организацијата исто така нема доволно информации за да донесе пресуда за вакцината, рече Брус Ајлвард, висок советник на СЗО.

В рускиот центар Гамалеја каде што била разиена новата вакцина за ковид-19
В рускиот центар Гамалеја каде што била разиена новата вакцина за ковид-19

„Во моментов разговараме со Русија за да добиеме дополнителни информации за да го разбереме статусот на тој производ, испитувањата што се преземени и потоа кои се следните чекори“, рече Ајлвард.

СЗО ги повика земјите што склучуваат билатерални договори за вакцини да не се откажуваат од мултилатералните напори.

САД со нов договор за купување вакцина за ковид-19

Претходно Европската комисија најави обезбедување на 200 милиони дози на можна вакцина од "Јансен Фармацеутика".

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен рече дека разговорите со "Јансен Фармацеутика", подружница на „Џонсон и Џонсон“, ја доближиле можноста за безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот.

„Комисијата вложува максимални напори, во тесна соработка со земјите-членки и со фармацевтските компании активно да придонесе за оваа цел“, рече фон дер Лејен.

илустрација
илустрација

Меѓу земјите кои ги заоструваат ограничувањата заради нови избувнувања, е и Нов Зеланд, кој претходно оваа недела забележа рекордни над 100 дена без нова инфекција.

Земјата сега се обидува да го пронајде изворот на 17 нови случаи во Оукланд, нејзиниот најголем град.

Задолжително тестирање за ковид-19 при влез во Италија од Хрватска, Грција, Малта и Шпанија

Италија, една од најтешко погодените земји во Европа, воведе задолжително тестирање на коронавирус за сите патници кои пристигнуваат од некои соседи на ЕУ.

Здравствените власти се загрижени дека Италијанците кои се враќаат од странство може да го донесат вирусот дома.

На друго место во Европа, првиот случај беше пријавен во еден од камповите со мигранти на грчките острови, а Финска повторно препорача носење маски на јавни места.

Британија ќе наметне 14-дневна карантин за луѓето кои пристигнуваат од Франција, Холандија, Монако, Малта и Турција од 15 август.

Податоците покажуваат дека Британија мора да го преземе овој чекор за да ги задржи стапките на инфекција намалени, наведе на Твитер министерот за транспорт Грант Шапс.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG