Достапни линкови

Брнабиќ: Приштина има покана за балканскиот „мини Шенген“.


Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ, во врска со информациите дека состанокот во Вашингтон може да резултира со приклучување на Приштина во „мини Шенген“, изјави дека таа не знае дали тоа ќе се случи, но оцени дека би било добро за сите граѓани од регионот да работат на заеднички проекти, јави МИА од Белград.

По посетата на археолошкиот локалитет Винча Бело Брдо, заедно со американскиот амбасадор Ентони Годфри, Брнабиќ изјави дека Приштина има отворена покана да се приклучи на балканскиот „мини Шенген“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска и утре се на разговори во Вашингтон, во рамките на долготрајните преговори меѓу двете страни. Разговорите ќе се фокусираат врз економскиот развој и создавањето нови работни места, рече неименуван специјален советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тоа би било позитивен сигнал да размислуваме за суштински работи и да не се занимаваме само со политички прашања каде што само едната страна е подготвена на компромис, а другата не е. Јас би сакала да најдаме заеднички став за подобрување на квалитетот на животот“, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија се согласува со Соединетите Американски Држави дека прво е важно да се разговара за економски прашања и да се подобри стандардот на граѓаните.

XS
SM
MD
LG