Достапни линкови

Во Вашингтон разговори меѓу Белград и Приштина


Претставникот на Белата куќа за разговорите меѓу Белград и Приштина Ричард Гренел (Ц), косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ во Минхен, 14 февруари 2020 година

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти ќе се состанат во Вашингтон денеска и утре во рамките на долготрајните преговори меѓу двете страни. Разговорите ќе се фокусираат врз економскиот развој и создавањето нови работни места, рече неименуван специјален советник на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека досега справувањето со политичките спорови меѓу Србија и Косово не дале резултати и оти САД имаат за цел да се фокусираат врз опипливи економски прашања што ќе им помогнат на луѓето. „Ќе имаме состанок и ќе видиме што ќе се случи. Ако страните се заинтересирани да се договорат за економскиот развој, САД знаат како да го направат тоа и ние сме подготвени да помогнеме“, рече тој.

САД немаат таен план за Белград и Приштина

Според него, не може да предвиди дали во иднина ќе се водат разговори за политички прашања. Тој додаде дека темите за размена на територии нема да се разгледуваат во Вашингтон, бидејќи тоа не се теми поврзани со економскиот развој. Говорејќи за „тајниот план“ за кој се шпекулираше, тој рече дека САД го немаат и додаде дека „тие немаат што да бараат“. И Косово и Србија, кои тежнеат кон пристапување кон Европската унија, се соочуваат со зголемен притисок од Западот за рестартирање на преговорите.

Вучиќ - Очекувам изненадувања во Вашингтон

Вашингтон ја засили својата вклученост во преговорите Србија-Косово во минатата година во процес што се одвива паралелно со скоро една деценија напори за нормализација со посредство на ЕУ. Во јули, Вучиќ и Хоти ги одржаа своите први директни преговори по 20 месеци во рамките на процесот на дијалог со посредство на ЕУ, откако Косово ги укина тарифите за увоз на српска стока.

XS
SM
MD
LG