Достапни линкови

Вучиќ - Очекувам изненадувања во Вашингтон


Архива - српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ја добила официјалната агенда за претстојните преговори меѓу Србија и Косово на 4 септември во Вашингтон и дека во неа е само една точка „која е неприфатлива.“

Претседателот на Србија не прецизираше за која точка станува збор, но оцени дека очекува изненадувања и тешки преговори.

„Единствена тема на меѓународната заедница кога станува збор за Косово, без разлика кои се агендите, е признавањето на Косово. Суштината е дека Авдулах Хоти и албанските претставници зборуваат дека одат по признавање во САД. Имаше и неофицијално изјави на лидери во регионот дека ќе морам да потпишам сѐ што ќе биде ставено во Вашингтон. Со внимание го слушав тоа. Очекувам изненадувања, не се двоумам тоа да го кажам, а ќе ѝ се извинам на американската администрација ако нема изненадувања“, вели Вучиќ.

Состанокот меѓу Вучиќ и Хоти го најави Ричард Гренел - известувачот на американскиот претседател за дијалогот меѓу Косово и Србија. Состанокот првично беше најавен за 2 септември, но потоа од организациски причини беше одложен за 4 септември.

Претстојниот дијалог во Вашингтон е тема и во Приштина. Во понеделникот на 24 август за дијалогот беше разговарано на состанок меѓу лидерите на владејачката коалиција на Косово.

Премиерот на Косово Авдулах Хоти од редовите на Демоктатскиот сојуз на Косово (ДСК) се состана со лидерите на коалициониот партнер од Алијансата за иднина на Рамуш Харадинај и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) на Фатмир Лимај.

По состанокот Лимај рече дека Косово е подготвено да учествува во дијалогот со Србија со јасни цели, додавајќи дека нема да се водат разговори на техничко ниво, туку дека ќе бара меѓусебно признавање на двете земји.

XS
SM
MD
LG