Достапни линкови

Вучиќ и Хоти в понеделник во Брисел на нова рунда преговори


Косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Авдулах Хоти, во Брисел во понеделник ќе имаат нова рунда преговори на највисоко ниво под покровителство на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Јосеп Борел, јави МИА од Брисел. Информацијата ја потврди официјално портпаролот на Борел, Петер Стано, на редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија.

Дијалогот за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово има за цел да вроди со законски обврзувачки договор за двете страни, договор кој е клучен и за ЕУ перспективата на двете земји. Минатата недела косовскиот премиер Хоти рече дека нема нормализација на односите ако нема меѓусебно признавање на независноста на двете држави. Белград и Приштина ќе имаат разговори по ова прашање и во Белата куќа на 3 и 4 септември.

Денеска портпаролот Стано рече дека оваа средба е дел од процесот на договор за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина и ќе се занимава со две теми: аранжманите на немнозинските заедници и решавањето на прашањата за взаемни финансиски барања и сопствеништво. Но, Стано додаде дека нема да навлегува во детали пред почетокот на средбата, јави МИА.

XS
SM
MD
LG