Достапни линкови

Градинките ќе почнат со работа на 9 септември


Детска градинка. Илустрација.

Владата на денешната седница донесе одлука за отворање на градинките на 9 септември. Дотогаш градинките, како што соопшти владината прес-служба, се должни да се подготват за работа.

„Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, како и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со ковид-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање“, соопшти владината прес-служба.

На средбата на Комисијата за заштита од заразни болести и претставници од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството на образование пред еден месец беше постигнат договор државните и приватните градинки кои имаат просторни капацитети и доволно персонал, согласно протоколите за заштита од ковид- 19, може да почнат да работат.

Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден изјави дека градинките може да почнат со работа од септември, при што алгоритмите се подготвени, дури и при појава на случај на покачена телесна температура кај некое дете.

XS
SM
MD
LG