Достапни линкови

Градинките кои ги исполнуваат условите и протоколите можат да почнат да работат


Илустрација - Детска градинка

На денешниот состанок на Комисијата за заштита од заразни болести и претставници од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството на образование, се договориле државните и приватните градинки кои имаат просторни капацитети и доволно персонал, согласно протоколите за заштита од Ковид- 19, може да почнат да работат.

За датум за отворање на градинките се чека официјална одлука од МТСП.

Александар Стојанов, член на Комисијата и в.д. директор на Центарот за јавно здравје Скопје, во изјава за Телма, вели дека „ако ги исполнат протоколите, градинките можат да почнат и од понеделник, ако сакаат“.

Од Министерството за здравство информираат за МИА, дека на состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МТСП се разговарало за почеток на функционирањето на градинките.

„Заклучокот е дека Комисијата препорачува МТСП и општините да изнајдат решение за просторните капацитети. МТСП да дадат предлог датум за отварање на градинките, согласно можноста за исполнување на условите за спроведување на протоколите кои ги изработи Комисијата за заразни болести“, соопштија од Министерството за здравство.

XS
SM
MD
LG