Достапни линкови

Бајден го обвини Трамп за поттикнување насилство


Кандидатот за претседател на САД Џо Бајден

Кандидатот за претседател на САД Џо Бајден го обвини претседателот Доналд Трамп за поттикнување на политичко насилство, во врска со повеќенеделните протести и немири околу расната нееднаквост и полициското дејствување. Во еден од неговите најостри напади врз претседателот Бајден синоќа во Пенсилванија, го опиша Трамп како „токсичен“ водач, неспособен да ја лекува нацијата. „Овој претседател одамна го загуби секое морално раководство во оваа земја“, рече поранешниот потпретседате, додавајќи: „Тој не може да го запре насилството затоа што со години го поттикнуваше“. Трамп и републиканците ја активираа кампањата со фокус врз „законот и редот“, бидејќи повеќенеделните немири во повеќе градови ја поларизираат нацијата.

Трамп го оцени Бајден како левичарска закана за американската величина

Трамп се обиде да ја префрли вината за немирите врз градовите управувани од демократите, предупредувајќи дека администрацијата на Бајден, гледана како „радикалната левица“, ќе поттикне понатамошен хаос. Во Портланд веќе сто дена се протестира по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд во мај. Во меѓувреме, Трамп планира денеска да го посети градот Кеноша во Висконсин и покрај повиците на локалните демократи претседателот да се држи настрана.

XS
SM
MD
LG