Достапни линкови

Путин го пофали одговорот на Минск на постизборните протести


Рускиот претседател Владимир Путин за време на интервјуто за државниот ТВ канал Росија-24

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали одговорот на Минск на постизборните протести. Тој откако ги објави подготовките на Москва за поддршка на режимот на претседателот Александар Лукашенко со руските безбедносни сили оцени дека Кремљ е повеќе „неутрален“ за белоруската криза отколку САД или Европската унија. „Според мене, нашето однесување во врска со настаните во Белорусија е многу порезервирано и неутрално отколку на Европејците и Американците“, изјави Путин за време на интервјуто за државниот ТВ канал Росија-24, додавајќи: „Сепак, ние сигурно не сме рамнодушни кон она што се случува таму“.

Столтенберг повика Русија да не се меша во внатрешните прашања на Белорусија

Путин, исто така, ги повика и белоруските власти и опозицијата да најдат политичко решение за кризата околу спорниот реизбор на Лукашенко и бруталните мерки на белоруската полиција против демонстрантите по изборите на 9 август. И покрај меѓународната осуда за нападот, Путин рече дека „белоруските служби за спроведување на законот демонстрираат прилично резервирано однесување“.

Лукашенко бара спас во геополитиката, Западот ја научи лекцијата

Путин претходно рече дека е составен контингент на руските безбедносни сили и дека е подготвен да се распореди во Белорусија во случај на „грабежи“ од страна на демонстрантите. „Руските сили нема да бидат користени, освен ако екстремистичките елементи во Белорусија не ја преминат линијата и не започнат со грабежи“, рече Путин.

XS
SM
MD
LG