Достапни линкови

Столтенберг повика Русија да не се меша во внатрешните прашања на Белорусија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ја повика Русија да не се меша во внатрешните прашања на Белорусија, каде се одржуваат протести по одржувањето на претседателските избори на 9 август.

„Никој, па ни Русија, не би требало да се меша во Белорусија“, рече Столтенберг за германскиот весник Билд и додаде дека Белорусија е суверена и независна држава.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска рече дека неговиот белоруски колега Александар Лукашенко од него побарал, доколку затреба, да испрати полициска помош за да се смири кризата во неговата земја.

Во Белорусија уапсени новинари кои требало да го следат протестот во Минск

Путин за руската државна телевизија рече дека Лукашенко побарал од него да подготви полициски одред за Белорусија, но дека двајцата се сложиле дека засега нема потреба од такво нешто.

Белорускиоt претседател Лукашенко се соочува со повеќенеделни протести по прогласувањето на победата на изборите на 9 август, кои опозицијата ги смета за лажирани.

XS
SM
MD
LG