Достапни линкови

Добротворна организација во Узбекистан проневерила донации за борба против ковид-19


Властите во Узбекистан го обвинија шефот и други вработени во локална добротворна организација за проневера на околу 273 илјади американски долари кои биле донирани за борба против пандемијата на коронавирус во оваа централноазиската земја.

Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека се обвинети шефот на организацијата „Mercy and Heath“, Асол Мирзахмедов и неколку други вработени. Тие се обвинети дека се здружиле за купување медицинска опрема и лекови по „надуени“ цени. Осомничените официјално се обвинети за вмешаност во проневера во големи размери. Тие се соочуваат со затворска казна до пет години, доколку бидат прогласени за виновни.

Ковид-19 во Централна Азија зема замав, мерките се враќаат

Во изминатиот месец, Фондацијата „Mercy and Heath“ прими милиони долари донации наменети за разни проекти за борба против ковид-19.

До денеска во Узбекистан се регистрирани 40.338 случаи на заразени со ковид-19 и 297 смртни случаи.


XS
SM
MD
LG