Достапни линкови

Лажните вести се најголем проблем за Западен Балкан


Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Лажните вести и дезинформациите, и тоа како тие влијаат на довербата во институциите, се најголемиот проблем на државите од Западен Балкан, заклучија денеска говорниците на безбедносниот Вебинар на Маршал Центар, Алумни Асоцијација на кој воведни обраќања имаа претседателот на Стево Пендаровски, амбасадорите на САД и Германија, Кејт Мери Брнз и Анке Холштајн и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје полковник Зоран Јанковиќ.

Вебинарот, кој е спонзориран од алумни програмите на Центарот за безбедносни студии Џорџ Маршал, Гармишпартенкирхен, Здружението на алумни на Маршал Центарот во Северна Македонија, Секторот за јавна дипломатија на НАТО, оваа година е фокусиран на „Геополитичките проблеми во Западен Балкан среде кризата од вирусот Корона 19: Евро-атлантската перспектива”.

Претседателот Пендаровски нагласи дека Република Северна Македонија успешно се справува со Корона кризата и со хибридните закани и дека очекува од новата влада да ги продолжи реформите особено во делот на владеење на правото, борбата со корупцијата и реформите во администрацијата, информираше организаторот.

Американската амбасадорка Брнз, велат организаторите, ја истакна поддршката на САД на реформските напори на нашата земја, додека пак германската амбасадорка Холштајн нагласи дека очекува наскоро да почнеме со преговорите за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG