Достапни линкови

Фејсбук отстрани 7 милиони објави со лажни вести за Ковид-19


Илустрација

Фејсбук отстрани седум милиони објави во второто тримесечје од оваа година, поради споделување на лажни информации за коронавирусот, вклучително и содржина што промовирала лажни превентивни мерки и лекови, пренесе Ројтерс.

Објавените податоци се дел од шестиот извештај за усогласеност со стандардите на однесување на социјалната мрежа, воведен во 2018 година, заедно со построги правила за пристојност, по критиките дека компанијата е блага во контролата на содржината на своите платформи.

Фејсбук соопшти дека ќе покани независни експерти да ги проверат извештаите, почнувајќи од 2021 година. Фејсбук отстрани и околу 22,5 милиони објави поврзани со говор на омраза во вториот квартал од оваа година и 9,6 милиони во првиот. Избришани се и 8,7 милиони објавувања поврзани со екстремистички организации, споредено со 6,3 милиони во претходниот период.

XS
SM
MD
LG