Достапни линкови

Чанак: Опозицијата и СПЦ подготвуваат инциденти на црногорските избори


Фотографија од протестите на поддржувачи на Српската православна црква во Црна Гора - Подгорица, 23 август 2020 година.

Претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак изјави дека на изборите во Црна Гора во недела се брани европската идеја на Балканот и оцени дека „просрпската и проруската“ опозиција во Црна Гора подготвува инциденти во таа земја во случај да биде поразена на изборите, јави МИА од Белград.

„Црна Гора мора да остане светилник на прозападната и проевропска мисла. Таквата Црна Гора не одговара на интересите на Кремљ, односно на политичката елита што сега ја води Русија, па се плашам дека ќе се соочиме со инциденти ноќта помеѓу недела и понеделникот. Такво сценарио веќе го најавуваат големосрпските и проруските настроени опозициски сили во Црна Гора“, изјави Чанак за Дневне новине од Подгорица, пренесе МИА.

Тој додаде дека не се сомнева во победата на проевропските и про-НАТО сили во Црна Гора, но посочува на дејства кои „ќе ги прави СПЦ во Црна Гора“.

„Од почетокот, литиите беа политичко движење за укинување на Црна Гора како независна држава, да се сведе на приврзок на политиката на Белград или Кремљ, што на крајот е сеедно. Сето тоа на што се работи интензивно, треба да заврши со укинување, не само на Црна Гора како држава, туку и на правото на чувство за припадност на Црна Гора и на етничката припадност кон црногорскиот народ. Ова е сега сосема јасно“, изјави Чанак.

XS
SM
MD
LG