Достапни линкови

Владиката Амфилохије – Ѓукановиќ проповеда сатанска црква


Митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква Амфилохије

Митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква (СПЦ) Амфилохије рече дека претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, „проповеда сатанска црква и сака Црна Гора да ја претвори во демонска, сатанска заедница“.

Црногорскиот претседател вчера рече дека ако СПЦ инсистира на национална црква на Србите, тогаш ќе мора да се создаде национална црква на Црногорците. Тој рече дека тоа не е најдобро решение, зашто е подобро да има православна црква за сите православни верници.

Црногорските власти и СПЦ влегоа во конфликт на почетокот на годинава поради Законот за слобода на вероисповеста во Црна Гора, кој СПЦ смета дека служи за „да ја ограби“.

Според новиот закон, „сите верски објекти кои биле во сопственост на државата Црна Гора пред губењето на нејзината независност во 1918 година, а подоцна прешле во сопственост на некоја верска заедница на несоодветен правен начин, ќе се сметаат за државна сопственост и ќе бидат запишани како културно наследство“. СПЦ поседува најголем дел од верските објекти во Црна Гора.

XS
SM
MD
LG