Достапни линкови

Заев: Сите кадри ќе ги задолжам со конкретна мисија и цели


Зоран Заев

Лидерот на СДСМ и мандатар за нова Влада, Зоран Заев, денеска до Собранието го доставил предлогот за владиниот кабинет и програмата на новата Влада.

„Денес во Собранието доставив предлог Програма за работа и предлог состав на новата влада на Република Северна Македонија. Нз изборите граѓаните го потврдија правецот и ставот кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма“, изјави Заев.

Тој додаде дека очекува собранискиот спикер да им даде доволно време на пратениците да се запознаат со предложената владина програма и со биографиите на министрите.

„Денеска до Собранието предлагам одговорни, професионални и отчетни кадри кои ќе ги задолжам со конкретна мисија и цели, во ваше име. Кои ќе имаат задача да работат исклучиво за граѓаните и европската трансформација за нашата земја. Очекувам претседателот Талат Џафери да даде доволно време, пратениците да се запознаат со програмата, но исто така и со биографиите на предложените кандидати. Очекуваме квалитетна дебата во Собранието и дека овие предлози ќе го добијат потребното мнозинство, по што веќе, следната недела да имаме нова влада, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG