Достапни линкови

Средношколците ќе протестираат против онлајн наставата


Средношколци. Илустрација.

Сојузот на средношколци в петок, наредната недела најави протести против одлуката на Министерството за образование новата учебна година од септември поради пандемијата со коронавирусот да се одвива онлајн. Протестот е предвидено да започне од министерството, а ќе заврши пред Владата, каде што тие ќе ги упатат нивните барања.

Доколку учебната година се одвива онлајн, од Унијата најавуваат дека ќе ја бојкотираат наставата. Тие ќе бараат комбиниран модел, односно настава со физичко присуство онаму каде што дозволуваат здравствените услови.

Средношколците и Владата ќе соработуваат на моделот за настава

Владиниот прес-центар вчера соопшти дека Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на ковид-19.

Наставата ќе се одвива онлајн, освен од 1 до 3 одделение

Министрите за здравство и за образование, Венко Филипче и Арбр Адеми на прес-конференција пред неколку дена најавија дека наставата во новата учебна година ќе се одвива онлајн со два исклучоци. Настава со физичко присуство ќе се одвива само за учениците од прво до трето одделение, но со претходна согласност на нивните родители, како и во општините каде има мал број на ученици или малку паралелки.

XS
SM
MD
LG