Достапни линкови

Средношколците и Владата ќе соработуваат на моделот за настава


Фотографија од средбата на претставници на средношколците со претставници на Владата за моделот на настава

Владиниот прес-центар денеска соопшти дека Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на ковид-19. Ова беше соопштено по средбата на премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерата Мила Царовска, министрите за образование и за здравство Арбер Адеми и Венко Филипче, како и заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска, со делегација на Сојузот на средношколци, предводена од претседателот на сојузот Бленди Ходаи.

Моделот за комбинирано организирање на наставата онлајн со алатки за интернет комуникација и со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение во основното образование и со одредени други исклучоци каде што тоа е безбедно од здравствен аспект, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците.

„Владините претставници ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците. Исто така министерот за здравство Филипче ги покани средношколците да присуствуваат на состанок на Комисија за заразни болести на кој детално ќе се запознаат со состојбата со овид-19, но и за мерките за заштита од заразата кои се во интерес на заштитата на јавното здравје“, соопшти владиниот прес-центар.

XS
SM
MD
LG