Достапни линкови

Транзит низ Србија без ПЦР-тест


Граничен премин Табановце на македонско-српската граница.

Македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија од денеска не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во оваа земја, одлучи тамошното Министерство за здравство. Периодот на транзитирање е ограничен на 12 часа од моментот на преминување на границата. З

а престој во земјата останува на сила одлуката дека е потребно да се поседува негативен ПЦР-тест за присуство на коронавирус, не постар од 48 часа од датумот на издавање, издаден од референтната лабораторија на земјата од каде влегуваат во Србија.

Прописите не се однесуваат на странски државјани кои биле во транзит низ четирите држави во регионот (исто така не подолго од 12 часа), на екипажите на авионите, на акредитираните членови на персоналот на странските дипломатски и конзуларни претставништва или канцеларии на меѓународни организации и членовите на нивните семејства кои се носители на посебни документи за идентификација.

Земјите воведуваат нови рестрикции за патувањата поради коронавирусот

Дополнителни потврди нема да бидат потребни и за деца под 12-годишна возраст, доколку родителот, старателот или друго лице кое го придружува има негативен РТ-ПЦР тест, за странските државјани на кои им е одобрен привремен престој или постојан престој во Србија, како и за членовите на странските воени, полициски и други безбедносни служби што се во транзит низ територијата на Србија или кои се во оваа земја поради вршење службени задачи, со претходно известување.

XS
SM
MD
LG