Достапни линкови

Земјите воведуваат нови рестрикции за патувањата поради коронавирусот


Патници со маски стигнуваат од Париз во Британија која воведе 14 дневен карантин за оние што пристигнуваат од Франција

Државите силно погодени од паднемијата со коронавирусот објавија понатамошни мерки за да го спречат неговото шириње додека бројот на потврдени случаи во светот надмина 21 милион. Соединетите Американски Држави, Франција, Британија и Шпанија се меѓу земјите кои вчера објавија нови мерки.

Американскиот оддел за домашна безбедност ја продолжи забраната за несуштинските патувања во Канада и Мексико до 21 септември. Потврдените случаи во Франција го достигнаа нивото од мај, повеќе од 2500 новопотврдени случаи на 12,13 и 14 август што го натера официјален Париз да го направи носењето маски во јавноста задолжително.

Британија, пак, ја стави Франција на листата на земји од кои граѓаните кога ќе се вратат е задолжително да одат во двонеделен карантин. Шпанија соопшти дека ќе ги затвори сите ноќни клубови и ќе го забрани пушењето на улица таму каде што е невозможно да се одржува физичка дистанца. Оваа одлука доаѓа откако на 13 август беа регистрирани речиси 3000 новозаболени.

Германија ја стави Шпанија на листата земји од кои е задолжителен карантин, а исклучок од тоа правило се Канарските острови. Во меѓувреме и балканските земји воведуваат нови правила за патувањата.

XS
SM
MD
LG