Достапни линкови

Курти бара смена на американскиот посредник Гренел


Лидерот на косовско опозициското Движење самоопределување (ВВ) Албин Курти

Лидерот на косовско опозициското Движење самоопределување (ВВ) Албин Курти ги повика сите косовски политички и државни субјекти да му се спротивстават на специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за дијалогот со Србија, амбасадорот Ричард Гренел, со цел тој да биде заменет со американски претставник кој ќе понуди поквалитетни решенија за споровите меѓу Приштина и Белград.

Доскорешниот премиер на Косово на својот Фејсбук профил напиша дека Ричард Гренел треба да биде заменет со еден нов Холбрук.

Хоти: Во септември почнува нова развојна стратегија за Косово

Тој потсети дека во 1998 тогашниот американски емисар за регионот, Роберт Гелбарт ја нарече Ослободителната војска на Косово (ОВК) „терористичка организација“, а тоа резултира со негова смена и именување на Ричард Холбрук на негово место.

За 2 септември е најавена средба во Белата куќа во Вашингтон на делегациите на Косово и Србија, предводени од косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

XS
SM
MD
LG