Достапни линкови

Хоти: Во септември почнува нова развојна стратегија за Косово


Авдулах Хоти

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави денеска дека од идниот месец ќе започне спроведувањето на план за изработка на нова стратегија за економско закрепнување на земјата од последиците на епидемијата на Ковид-19, јави МИА од Приштина.

Обраќајќи се на состанокот на Националниот совет за економија и инвестиции, Хоти рече дека за таа цел ќе се изготви „петгодишна развојна стратегија во вредност до шест милијарди евра“.

„Ние и онака имавме во план во септември да го започнеме драфтувањето на новата развојна стратегија за Косово, но сега сме принудени да понудиме долгорочен план за економско закрепнување, бидејќи е повеќе од јасно дека ќе се соочиме со економски проблеми, не само во текот на оваа туку и наредната година. Ова подразбира петгодишна развојна стратегија во вредност до шест милијарди евра“, ја пренесе МИА изјавата на Хоти објавена од Коха.нет.

XS
SM
MD
LG