Достапни линкови

1825 тестирани, 115 нови ковид позитивни, 3 починати, 225 оздравени


Илустрација - Медицинско лице носи примероци за тестирање за Ковид-19 во МАНУ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19, тројца починати и 225 оздравени пациенти.

Новозаразените се регистрирани во: Скопје-32, Куманово-7, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-10, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-11, Гевгелија-3, Крива Паланка-3, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-8, Делчево-3, Свети Николе-4 и Кичево-3.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-15, Штип-5, Прилеп-2, Тетово-10, Струга-1, Битола-10, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-10, Струмица-6, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Валандово-1, Виница-1, Кичево-5 и Неготино-2. Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308, бројката на оздравени пациенти е 9977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774.

XS
SM
MD
LG