Достапни линкови

СЗО: Балканот е ново жариште на Ковид-19


Илустрација - Контролен пункт на грчки граничен премин.

Од СЗО денеска изјавија дека Балканот е ново жaриште на коронавирусот, а една од последиците ќе биде тоа дека во Хрватска би можела да се најде на британската листа за каpантин и тоа од утре. Претставниците на СЗО рекоа дека биле „зaгрижени за Балканот од почетокот на јуни“, поради големиот прилив на туристи во овие области и зголемувањето на бројот на нови случаи. Во СЗО стравуваат дека туристите кои престојувале на Балканот.

„Состојбата на Балканот нè загрижува уште од почетокот на јуни, кога видовме дека расте бројот на нови случаи. Мора да преземеме соодветни чекори за да се обидеме да спречиме појава на инфекција“, рече д-р Кетрин Смалвуд од СЗО, додавајќи дека строго се следат сите бројки кои во Хрватска растат цела недела, што ќе предизвика хистерија кај Британците кои веќе се во Хрватска или планираат одмор таму.

Слична судбина, се чини, ја чека и Грција. Бројките растат и кај нив, но сè уште не се драматични, велат од СЗО.

XS
SM
MD
LG