Достапни линкови

Навални не може да биде пренесен од болницата


Кира Јармиш

Руските лекари велат дека критичарот во Кремљ, Алексеј Навални, не може да биде преместен од сибирската болница, каде што се лекува заради сомнително труење, бидејќи неговата состојба е нестабилна, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш. „Забраната за транспорт на Алексеј е директна закана за неговиот живот. Смртоносно е да се остане во болницата во Омск без опрема или дијагноза“, напиша и таа. Германски авион амбуланта со тим специјализиран за лекување на пациенти во кома требаше да слета во Омск во текот на денов, напиша Јармиш на Твитер.

Навални кој е во кома во Омск со авион треба да биде пренесен во Берлин

Навални се бори за живот откако се разболел вчера додека бил на лет за Москва од сибирскиот град Томск, по што авионот принудно слетал во Омск. Неговиот тим се сомнева дека политичарот бил отруен кога пиел чај што го купил на аеродромот во Томск. Лекарите кои го лекуваат во болницата во Омск сè уште не ја потврдија таа дијагноза, но рекоа дека станува збор за една од неколкуте верзии што ги разгледувале.

XS
SM
MD
LG