Достапни линкови

Хоџис: Србија не треба да ја замени својата зависност од Русија со зависност од Кина


Билборд со знамињата на Кина, Србија и Русија на белградската општина Вождовац

„Србија има суверено право да купи оружје од Кина или од кој било друг, но српската влада треба да ги отвори очите широко и мора да реши како да ја избегне замената на една зависност - од Кремљ со друга зависност - од Комунистичката партија на Кина, изјави американскиот генерал Фредерик Бен Хоџис во интервју за Радио Слободна Европа. „Јас очекував Министерството за одбрана да посвети должно внимание кога станува збор за утврдување на интероперабилноста на кинеските во рамките на сопствените системи и одбранбени концепти, “, рече Хоџис.

САД ја предупредија Србија за ризикот од купување оружје од Кина

Тој изрази надеж дека Владата на Србија ќе го направи она што е најдобро за младите луѓе во Србија, со цел да им обезбеди најдобри и најперспективни договори од кои ќе имаат корист во иднина. „Вршењето бизнис со Кина обично вклучува некои негативни исходи како што се трансфер на технологија или кражба, инфузија на кинески труд на сметка на ангажирање на домашен труд, екстремно неповолни договори за отплата на долг на кинески“, рече американскиот генерал, наведувајќи дека Западот треба да се натпреварува со Кина, нудејќи подобри услови. Хоџис, кој командуваше со американските копнени сили во Европа од 2014 до 2017 година, сега е соработник на невладината организација Центар за европска политика со седиште во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG