Достапни линкови

САД ја предупредија Србија за ризикот од купување оружје од Кина


илустрација

Соединетите држави го предупредија Белград дека треба да биде свесен за ризиците што се создаваат од набавка на оружје од кинески компании и оценија дека изборот на добавувачи треба да ја одразува прогласената цел на Србија за интеграција во Европската унија. По повод одлуката на Србија да го купи ракетниот систем ФА-3 за противвоздушна одбрана од Кина, нова генерација ракети со среден дострел, американската амбасада во Белград за Радио Слободна Европа изјави дека набавката на воена и одбранбена опрема е суверена одлука на секоја земја, но владите треба да бидат свесни за краткорочните и долгорочните ризици и трошоците за водење бизнис со кинески компании.

Вучиќ - Се обидуваме да купиме ловци-бомбардери

Секоја земја „треба да има увереност дека набавката на опрема нема да ја загрози нејзината национална безбедност или економскиот суверенитет“, соопштија од Амбасадата на САД, додавајќи дека таа доверба не може да биде „ако продавачите на воена и одбранбена опрема зависат од авторитарната влада во Кина“.

XS
SM
MD
LG