Достапни линкови

Брнс - Од новата влада очекувам продолжување на соработката на евроатлантскиот пат


Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс очекува да продолжи соработката со новата влада штом ќе биде формирана во однос на евроатлантскиот пат на земјата, како и справување со пандемијата од ковид-19, која претставува глобален предизвик.

„Партнерството меѓу САД и Северна Македонија е исклучително важно и исклучително силно и ние се радуваме на соработката со следната влада што треба да се формира. Да продолжиме со важната агенда која ја имаме за евроатлантска интеграција и силна соработка меѓу двете земји, како и во борбата против пандемијата која претставува глобален предизвик“, изјави Брнс.

Амбасадорката ја даде изјавата по посетата на лабораториите на Институтот за јавно здравје каде беше придружувана од министерот за здравство, Венко Филипче.

Реновирањето на лабораториите е овозможено со проект на Европската команда на САД, вреден 550 илјади долари.

Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, постигнаа договор за заедничка владина коалиција, но во ДУИ има проблеми околу кадровските решенија за министри.

XS
SM
MD
LG