Достапни линкови

Обама: Трамп ја третира функцијата Претседател како реално шоу


Фотографија од обраќањето на Барак Обама на третата вечер од Националаната конвенција на Демократите

Поранешниот американски претседател Барак Обама остро го критикуваше својот наследник, републиканецот Доналд Трамп, како „несоодветен за позицијата шеф на државата“, пренесе „Ројтерс“.

Обама ги повика гласачите да се одлучат за неговиот партиски колега Џо Бајден, за да се обезбеди опстанок на американската демократија.

„Трамп не покажува интерес да ја третира функцијата на претседател како ништо друго, освен како реално шоу што може да го искористи за да го привлече вниманието за кое копнее.“, рече Обама на третата вечер од Националната конвенција на демократите.

Обама додаде дека „Трамп не покажал интерес за ангажирање на работа, за постигнување договор, ниту за користење овластување за да му помогне на некој друг освен на самиот себеси и неговите пријатели“, пренесе „Ројтерс“.

XS
SM
MD
LG