Достапни линкови

Бајден ќе ја прифати кандидатурата за претседателски кандидат на демократите


Поранешниот сенатор на Соединетите држави Џон Мекејн од Аризона и кандидатот за претседател на демократите Џо Бајден се прикажани на виртуелната Демократска национална конвенција, на 18 август 2020 година.

На последниот ден од четиридневната конвенција на Демократската партија 77 годишниот Џо Бајден ќе го одржи својот говор за прифаќање на кандидатурата на оваа партија на претседателските избори на 3 ноември годинава. Неговиот избор за потпретседателски кандидат, сенаторката Камала Харис зборуваше синоќа заедно со поранешниот претседател Барак Обама, со кого Бајден работел како потпретседател. Обама го нападна неговиот наследник, Доналд Трамп, како длабоко непогоден за функцијата и оцени дека гласањето за Бајден, е неопходно за да се обезбеди самиот опстанок на американската демократија.

Виртуелна политика: Бајден, Харис и демократите на онлајн конвенција

Конвенцијата која почна во понеделникот е виртуелна поради пандемијата на коронавирус. И Републиканската национална конвенција која ќе се одржи во идната недела, исто така, во голема мера ќе биде виртуелна. Трамп ќе го одржи својот говор за прифаќање на кандидатурата во Белата куќа, и покрај критиките дека ја политизира претседателската резиденција.

XS
SM
MD
LG