Достапни линкови

Помпео: САД почнуваат процес за враќање на санкциите на ОН врз Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска официјално ќе го извести Советот за безбедност на ОН на 20 август дека Соединетите држави имаат намера да го започнат процесот на враќање на санкциите на ОН врз Иран. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус рече дека 30 дена по известувањето „ќе бидат обновени низа санкции на ОН, меѓу другото и продолжување на ембаргото за вооружување на Иран. Помпео, во интервју за „Фокс њуз“ изрази уверување дека предлогот ќе мине иако не постои поддршка од клучните европски сојузници и Русија и Кина. „Ние ќе ги вратиме овие санкции на ОН и светот ќе биде побезбеден“, рече Помпео.

Советот за безбедност на ОН ја отфрли резолуцијата за ембарго на иранското вооружување

Помпео ги критикуваше европските земји за неподдржување на американското спротивставување на нуклеарниот договор. Европските лидери „одбиваат да направат храбра работа“, рече Помпео: „Имаме исти цели, тие се венчани за овој луд нуклеарен договор“, рече тој, осврнувајќи се на договорот од 2015 година со Иран и шестте светски сили наменети да го спречат Иран да развива нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG