Достапни линкови

ЕУ не ги признава резултатите од изборите во Белорусија, ќе воспостави санкции


Белгија- Шефот на Европскиот совет Шарл Мишел на состанок преку видео врска со лидерите на земјите членки на ЕУ, 19.08.2020

Шефот на Европскиот совет Шарл Мишел соопшти дека 27-те земји членки на Европската унија не ги признаваат резултатите од претседателските избори во Белорусија и планираат да воспостават санкции кон оние кои биле вклучени во изборната измама и во репресијата врз оние кои излегоа на протестите по изборите.

"Европската унија ќе воспостави санкции врз значителен број индивидуалци одговорни за насилствата, репресијата и изборната измама“, рече Мишел на крајот на денешниот вонреден самит на ЕУ посветен на состојбата во Белорусија.

Според официјалните резултати од претседателските избори што се одржаа во Белорусија на 9 август претседателот Александар Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, освоил 80 отсто од гласовите, бројка која поттикна обвинувања за изборна измама и доведе до масовни протести низ повеќе градови во Белорусија.

XS
SM
MD
LG