Достапни линкови

Србија подигнува жичана ограда на границата со Северна Македонија


Српската влада поставува ограда на границата со Северна Македонија

Србија започна со поставување жичана ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, што треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини, потврдија за Радио Слободна Европа претставници на локалната самоуправа во Прешево. Шиприм Арифи, претседател на општина Прешево на југот на Србија, на 380 километри оддалечен од Белград, РСЕ рече дека изградбата на жичаната ограда е дел од договорот со Европската унија. „Сметаме дека оградата е во функција на дополнително обезбедување на границите на државите надвор од ЕУ од бегалците“, рече Арифи.

Полицијата откри 94 мигранти во камион на патот Радовиш – Штип

Министерството за внатрешни работи на Србија не одговори на прашањата на РСЕ за жичаната ограда. Србија е на таканаречената балканска рута, преку која мигрантите и бегалците се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. Според податоците, објавени од српскиот Комесаријат за бегалци на 20 јуни, во Србија има околу 4.800 лица во 18 центри за азил и прием.

XS
SM
MD
LG