Достапни линкови

Полицијата откри 94 мигранти во камион на патот Радовиш – Штип


Полициски службеници од СВР Штип синоќа при контрола на регионалниот пат Радовиш – Штип откриле 94 мигранти кои биле превозувани во товарно моторно возило. Возачот на товарното возило и неговиот сопатник побегнале, а полицијата трага по нив.

„На 08.08.2020 околу 21.30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице. Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец“, соопшти МВР.

Мигрантите се од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан и веќе се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Исток за натамошна постапка.

XS
SM
MD
LG