Достапни линкови

Радев бара итна и безусловна оставка од Борисов


Бугарскиот претседател Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев побара премиерот Бојко Борисов веднаш да поднесе безусловна оставка. “Предлозите на премиерот не треба воопшто да се коментираат. Ги повикувам сите оние кои се грижат за иднината на Бугарија да не паднат во стапицата на Борисов”, рече Радев, при неговата посета на крајбрежниот град Варна.

Борисов бара нов Устав и предвремени избори, па ќе си даде оставка

По пристигнувањето на Радев во Варна, дошло до мал судир меѓу приврзаниците на владејачката партија и демонстрантите против владата. Полицијата интервенирала и ги раздвоила луѓето. Според шефот на бугарската држава, парламентот ја исцрпел легитимноста и оти единствена опција е оставка на Борисов. Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека побарал свикување на седница на Големото национално собрание и промена на уставот.

XS
SM
MD
LG