Достапни линкови

Лукашенко одби странско посредништво во белоруската политичка криза


Протести против Лукашенко во Белорусија, 15.08.2020

Белорускиот претседател Александар Лукашнко ја одби можноста за странско посредништво во тековната политичка криза во земјата.

“Нема да ја дадеме земјата на никого“, кажа тој за време на состанокот со безбедносните власти кој беше пренесуван на телевизија.

Лукашенко нагласи дека немаат потреба од какви било странски влади, ниту пак посредници. Изјавата следува кратко откако тој разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин преку телефон за ситуацијата во и околу Белорусија. Според Лукашенко протестите во неговата земја, до кои дојде по изборите, не се закана само за Белорусија.

Телефонски разговор Путин-Лукашенко, продолжуваат протестите во Белорусија

Претходно лидерите на Полска, Естонија, Латвија и Литванија се понудија да посредуваат за решавање на белоруската криза. Комесарот за проширување на Европската комисија Оливер Вархеји, пак, изрази спремност да отпатува во главниот град на Белорусија Минск за да собере информации за ЕУ поврзани со односот на владата кон протестите кои избувнаа по претседателските избори на 9 август кои пак Европската унија ги опиша како неслободни и недемократски. Во екслузивно интервју за Радио Слободна Европа по состанокот преку видеолинк со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, Вархеји " тој вели дека е отворена можноста да патува во Минск кога било и дека ќе разговара со шефот на европската дипломатија Џозеп Борел како да го спроведе тоа. Иако ЕУ официјално ја нема споменато опцијата за прегласување Вархеји за РСЕ ја споменува таа можност.

Масовни викенд протести во Белорусија

Инаку илјадници Белоруси се на улиците седми ден по ред на мирни протести поради контроверзните избори што се одржаа на 9 август и прекумерната сила која беше употребена за да се загушат. Денеска илјадници луѓе се собраа на метро станицата Пушкинскаја во главниот град Минск во чест на Алјаксандер Тарајковски, 34 годишен демонстрант, кој загина на тоа место на 10 август, а чиј погреб треба да се одржи денеска.

XS
SM
MD
LG