Достапни линкови

Десет мигранти откриени во камион на царинскиот терминал во Тетово


Илустрација

Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот, информираат од СВР Тетово. Возачот и мигрантите се приведени за соодветната постапка.

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Царинска управа на било пријавено дека мигрантите се најдени во приколката во товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од А.С.(25) од село Горно Седларце, тетовско.

Мигрантите се на возраст од 15 до 49 години.

XS
SM
MD
LG