Достапни линкови

Заев: Ние нема да бидеме како ВМРО-ДПМНЕ во 2016


Стево Пендаровски и Зоран Заев на доделувањето на мандатот за состав на нова Влада, 13 август 2020 година.

Во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу мандати, но не успеа да состави Влада. Шанса потоа добив јас, како лидер на второрангираната коалиција, и успеав да формирам Влада. Но, овојпат нема да биде така, јас ќе успеам да формирам Влада, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по добивањето на мандатот за состав на нова Влада.

„Денеска го добивам мандатот и се подготвувам да бидам премиер 4 години, цел мандат. Но, секако една од темите на преговорите меѓу СДСМ и ДУИ е таа, таа е реалноста и тоа го знаат граѓаните. Но, јас сум целосно среќен, после сите одлуки кои ги донесовме на надворешен, но и домашен план, добив чест како победник да ја испратам пораката дека не е точно дека политичарите кои носат храбри, мудри, исправни одлуки, дека заминуваат во политичката историја“, рече Заев и потврди дека денеска ќе има нова средба со Али Ахмети.

Претходно лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека ДУИ е сила која не може да биде отстранета само со една средба.

XS
SM
MD
LG