Достапни линкови

Ахмети: ДУИ е сила која не може да се отстрани со една средба


Архивска фотографија - Зоран Заев и Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе ги продолжат разговорите. Ахмети денеска изјави дека се уште нема договор со СДСМ и порача дека неговата партија ќе работи во интерес на државата.

„Сите знаете дека ДУИ е фактор на стабилност во државата. Ние никогаш не делуваме со притисок, туку ќе изнајдеме правилен пат да послужиме на државата. Да ги надминеме сите потешкотии со кои се соочуваме. ДУИ делува и работи со ладна глава и огнено срце. Се што ќе преземеме во иднина ќе биде за придобивка за од најмало, до најстаро. Средбите се одржани и јас не знам што разговарале тие. Убеден сум дека дека ДУИ не е сила која може да биде отстранета со една средба. Изборната кампања да ја оставиме зад нас. Уште нема договор меѓу нас и СДСМ“, истакна Ахмети по денешното одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

За денеска Ахмети ги повика на средба лидерите на албанските партии во Северна Македонија, но откако дел од нив откажаа, средбата не се одржа.

XS
SM
MD
LG