Достапни линкови

Заев го доби мандатот за нова Влада


Стево Пендаровски и Зоран Заев на доделувањето на мандатот за нова Влада, 13 август 2020 година.

Претседателот, Стево Пендаровски, повикувајќи се на Уставот, му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на коалицијата Можеме, бидејќи, како што рече, освоиле најмногу пратенички мандати. Во рок од 20 дена, СДСМ и Заев мора да обезбедат парламентарно мнозинство. Во спротивно, мандатот ќе го добие следната политичка партија со најмногу пратенички места.

„Ќе составиме модерна и просперитетна Влада и дека ќе се посветиме на основните општествени вредности. Нашата држава ќе добие стабилна Влада со европски пат. Почитувањето на трите клучни договори, Преспанскиот, со соседна Бугарија и Охридскиот рамковен договор, се трите столба за европската иднина на РС Македонија“, изјави Заев по примањето на мандатот.

Тој тврди дека за помалку од 20 дена, колку што е законскиот рок, ќе успее да обезбеди парламентарно мнозинство, а, како што додаде, прва задача сепак ќе биде борбата со пандемијата од Ковид-19.

XS
SM
MD
LG