Достапни линкови

Нови тензии во Медитеранот: Турција ќе бара гас, Грција на готовс


Илустрација - Турски брод за истражувачко дупчење за гас и нафта

Турската воена морнарица денеска соопшти дека бродот „Орук Реис“ во следните две седмици ќе спроведува истражувачко дупчење во спорното подрачје на источниот Медитеран, а тоа дефинитивно ќе ги зголеми тензиите со Атина, објави Ројтерс. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис веднаш го свика Советот на национална безбедност, а на состанокот присуствувале и министрите за одбрана и надворешни работи.

Министерот во грката влада, Јоргос Герапетритис изјави дека Атина е во целосна „политичка и оперативна подготвеност“.

Двете земји членки на НАТО Алијансата полагаат право на природните ресурси во тој дел од Медитеранот. Слична најава на Турција минатиот месец ги зголеми тензиите, а ескалација спречи германската канцеларка Ангела Меркел, по чија интервенција Турција ги повлече бродовите, објави агенцијата Ројтерс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот изјав дека Турција продолжува со истражувањето на нафта и гас во истониот дел од Медитеранот, затоа што Грција не ги исполнила ветувањата во врска со тие активности во регионот.

XS
SM
MD
LG