Достапни линкови

Претседателот на Либан отфрла можност за меѓународна истрага за експлозијата


Пристаништето во Бејрут по експлозијата

Претседателот на Либан Мишел Аун денеска отфрли можност за меѓународна истрага за разорната експлозија во бејрутското пристаниште, откако светски лидери, но и либански граѓани побараа независна истрага.

На новинарско прашање „дали смета дека меѓународна истрага ги било еднакво на разводнување на вистината“, тој одговори: „Се разбира“.

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Бејрут побара „транспарентна меѓународна истрага“.

Во експлозијата која во вторникот го потресе главниот град на Либан загинаа над 150 луѓе, а околу 5000 се повредени. Експлозијата ја предизвика детонација на 2750 тони амониум нитрат, кој шест години бил скалдиран во магацин на пристаништето „без мерки за заштита“, наведоа либанските власти.

Судски извори денеска наведоа дека се притворени уште пет луѓе, вработени во царината и на пристаништето, и сега бројот на притворени е 21.

Аун претходно рече дека во истрагата се проверува дали експлозијата е предизвикана од небрежност, дали се работи за несреќа или е можно странско мешање преку, као што рече, „ракета, бомба или друг акт“.

XS
SM
MD
LG