Достапни линкови

Обвинителството бара затвор за обвинетите за навредлива скулптура на Путин


Фигурата на Путин поставена во центарот на Перм во 2018 година

Обвинителот во рускиот град Перм побара затворски казни за тројцата активисти обвинети за вмешаност во поставувањето скулптура на рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година.

Организацијата за човекови права „Извинување за протест“ денеска соопшти дека обвинителството побарало затворски казни од 18 месеци до три години.

Обвинителството тврди дека тројцата обвинети го нарушиле општествениот поредок со активности мотивирани од политичка, идеолошка и социјална омраза.

Тројцата беа уапсени и обвинети во јануари 2019 година поради фигурата со ликот на Путин поставена во центарот на Перм во 2018 година.

Скулптурата беше облечена во црно-бела затворска униформа и на неа пишуваше „Лажго“ и „Воен злосторник“.

XS
SM
MD
LG