Достапни линкови

23 турски државјани побарале политички азил во Грција


Илустрација

Со чамец, од турското крајбрежје на грчкиот остров Хиос, вчера пристигнале 23 Турци, меѓу кои и деца и побарале политички азил во Грција, објави денеска онлајн изданието на весникот „Политис” од островот, јави МИА од Атина.

Според истите информации, како што пренесува дописникот на Македонската информатина агенција од Грција, турските државјани рекле дека „ги гони влада на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, додека пак крајбрежната служба од Хиос уапсила две лица кои веројатно се криумчари и управувале со чамецот.

XS
SM
MD
LG