Достапни линкови

Албанската опозиција ја обвини власта за криење на бројките за Ковид -19


Илустрација - проверка на патници од коронавирусот во Албаниа.

Опозицијата во Албанија ја обвини Владата дека не само што не прави поголем број тестови, туку дека ги затскрива реалните бројки на заразени лица од коронавирусот. Барди Спахиа изнесувајќи го ставот на обединетата албанска опозиција изјави дека во земјата не се прават потребниот број на тестови и дека нема транспарентност во врска со коронавирусот, како и оти нема никакви инфорамции за потеклото на тестовите, пренесува МИА.

„Веќе сме на работ на целосен колапс на здравствениот систем. Во болницата Шефќет Ндроќи има повеќе заразени отколку што се објавува. Сето ова води кон целосен неуспех на албанските институции“, изјави Спахиа додавајќи дека Албанија има многу помалку направени тестови во споредба со земји кои имаат многу помал број жители.

Според официјалните податоци, во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 139 позитивни на коронавирусот што е најголема бројка за еден ден од почетокот на пандемијата.

Најмногу од заразените се во главниот град Тирана – 81 лице, а во исто време здравствените инзтитуции соопштија дека починале шест пациенти и 69 оздравеле.

Во Албанија досега се направени 43.764 тестирања на коронавирус, од кои 5.889 биле позитивни. Досега во земјата се регистрирнаи 182 починати лица, активни на болеста се 2.589 од нив 1.451 се во Тирана, 302 во Драч и 230 во Скадар.

XS
SM
MD
LG