Достапни линкови

САД со помош од 10 милиони долари за регионот за борба со ковид-19


болница во Србија

Северна Македонија добила 1,5 милиони од САД за борба против коронавирусот за лабораториски системи, следење и контрола на движењето на инфекцијата, технички експерти, здравствена комуникација и слично, соопшти Стејт департментот заедно со УСАИД. Во изминатите 20 години, вкупната американска помош за Скопје надмина 738 милиони долари, од кои 11,5 милиони се инвестирани во здравствена заштита.

Расте бројот на заразени од коронавирус на Балканот

Од почетокот на пандемијата, американската Влада ги поддржала системите за јавно здравје во 120 земји низ целиот свет со повеќе од 1,5 милијарди долари, а речиси 10 милиони долари од таа сума се наменети на Западен Балкан за борба против новиот коронавирус. Стејт департмент додава дека американската администрација одвоила вкупно 20,5 милијарди долари во рамките на глобалната борба против пандемијата, вклучително и развој на вакцини и методи на лекување, превенција на болести и помош на странски земји.

XS
SM
MD
LG