Достапни линкови

Конститутивна седница на македонското Собрание


Големата сала на македонскиот Парламент

За денеска во 12 часот е закажана конститутивна седница на Собранието. Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери кој вчера ја напушти Клиниката за инфективни болести каде што беше хоспитализиран неколку денови изјави дека е извесно оти тој ќе претседава со конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав во независна Македонија.

Џафери отпуштен од болница и ќе ја води конститутивната седница

Седницата ќе се одвива според здравствени протоколи и критериуми за да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција. За да се запази пропишаната физичка дистанца, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието (Голема купола). Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно.

Формирањето влада ќе ги стивне меѓуетничките тензии

На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15-ти јули, СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, коалицијата АА и Алтернатива 12, Левица два и еден ДПА. Конечните официјални резултати од изборите беа објавени на 25 јули, кога Државната изборна комисија им ги додели уверенијата на новоизбраните пратеници.

XS
SM
MD
LG